Фабриката за чоколади Европа ќе исплаќа дивиденда на акционерите

47

evropa ad

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа донесе одлука за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда.

“Се одобрува исплата на дивиденда од добивка за 2014 година во бруто износ од 11.501.700 денари. Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 50 денари. Дивидендата ќе се исплатува во пари на трансакциска сметка на акционерите“, се вели во одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 15.06.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 16.06.2015 година. Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат прави на дивиденда е 18.06.2015 година.

Дивидендата ќе се исплати најдоцна до 30.09.2015 година.