Во рамките на својот ненаменски потрошувачки кредит, Премиум СМАРТ, ТТК Банка АД Скопје воведе промени и новитети.
Имено, новите корисници на ненаменски потрошувачкиот кредит Премиум СМАРТ ќе добијат најниска годишна каматна стапка од 7,5% и пониска провизија за одобрување.
Кредитот e наменет за корисници кои добиваат плата преку ТТК Банка и кои сакаат да ги подмират своите обврски во рок од една година. Премиум СМАРТ може да се добие без жиранти, во зависност од висината на платата и износот на кредитот.
“Со овој чекор, ТТК Банка нуди најниска каматна стапка на пазарот на ненаменски потрошувачки кредити”, велат од банката.