Почина Карл Влашек, основачот на Billa и третиот најстар богаташ во светот

214

karl vlasek

Австрискиот милијардер Карл Влашек, кој беше третиот најстар богаташ во светот, почина на возраст од 97 години, пишува Forbes.

Влашек зад себе има музичка кариера како џез пијанист. Неговото богатство започнува да се создава во 1953 година, кога во Виена ја отвори првата продавница за козметика. Потоа следеше создавањето на големиот трговски синџир Billa, којшто го продаде за една милијарда долари на германската REWE Group.

Добиените пари потоа ги инвестирал во недвижен имот и во градежништвото. Тој ја изградил Виенската берза, како и осум палати низ австриската метропола. Во 2000-та година ја купил најголемата австриска компанија за трговија со недвижнини.

Богатството на Влашек се проценува на околу 3,7 милијарди долари.