Прв климатски хакатон во Македонија

38

skopje geen route

Од денеска, сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават на првиот хакатон за климатските промени во Македонија и да предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’  – www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 долари, наградата за второ место ќе изнесува 750 долари, а за трето 500 долари.

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во рамки на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26-ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.