Nivea кукли што горат на сонце без заштитна крема

87

nivea

За децата полесно да сфатат колку е важно да се става крема за сончање за да се заштити кожата, Nivea направи кукли на кои им гори лицето на сонце. Куклите ги подели на плажа во Рио де Жанеиро, Бразил.

Нивеа куклите се направени од УВ сензитивен материјал и веднаш поцрвенуваат кога ќе бидат изложени на јако сонце. Кога детето ќе стави крема на лицето на куклата, црвенилото се повлекува. Иако во реалноста црвенилото не се повлекува така, Nivea најде начин како ефективно да им ја илустрира на децата важноста од ставање креми за сончање.