Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека ќе ја продава својата кондиторска компанија Roshen преку инвестициската компанија Rothschild.
“Потпишав договор со позната светска и најдобра компанија во тој домен. Компанијата Rothschild сега бара купувачи. Веќе се јавија тројца потенцијални купувачи и ги анализираат правниот статус и финансиските перформанси”, изјави Порошенко на брифингот при обраќањето во парламентот, пишува Спутник.
Компанијата Roshen годишно произведува околу 450.000 тони чоколада, желе бонбони, карамели, кекси и колачи. Roshen има фабрики во Украина, Литванија, Унгарија и Русија.