Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) оствари договор за интернационално поврзување со претставници на бизнисот од најголемите светски компании на пет континенти, пишува Миа.
Претседателката на ССК, Даниела Арсовска во Торино каде учествува на 9. Светски коморски конгрес се сретна со претседателите на стопанските комори на Дубаи, Сиднеј, Токио и на Торино со кои разговараше за потенцијалите за соработка, бизнис поврзувања и за посета на македонски бизнисмени во Сиднеј, кој ќе биде домаќин на следниот Светски Коморски Конгрес.
“Секоја земја има своја специфика и таргет во бизнисот, при што на реализираните средби разговаравме за конкретни можности за соработка со дел од најголемите компании во светот. Со претседателот на комората од Торино, Винчензо Илоте, договоривме посета во Скопје и дискутиравме за заедничко учество на меѓународни тендери особено во делот на инфраструктура и градежништво. Градоначалниците на Скопје и Торино веќе имаат потпишано Договор за пријателство и соработката, а со соработка меѓу коморите дополнително се зајакнува конекцијата за бизнисмените од двете земји“, изјави Арсовска.
Светскиот Коморски Конгрес во Торино е единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис лидерите.