Најголемите 21 хрватски компании во државна сопственост, во првите девет месеци во 2012 покажаа дека се многу позадолжени за разлика од истиот период 2011 година и акумулирале огромни загуби. Оваа група компании за девет месеци направиле загуби од 34 милиони евра, што е катастрофа во однос на истиот период 2011 година, кога фирмите за државата заработиле 76,4 милиони евра.
Меѓу загубарите потонаа и Хрватска лотарија (ХЛ), Хрватско електростопанство (ХЕП) и Хрватска пошта (ХП), а Хрватски железници (ХЖ) ја зголемија загубата. Само ХЖ и ХЕП се одговорни за загуба од 62 милиони евра. Проблемот не е недостаток на приходи, туку зголемување на расходите, но и растот на задолжувањата. Меѓу долгорочните обврски кои главно се однесуваат на кредити, долгорочни корпоративни обврзници и слични задолженија, креирани се 502,3 милиони евра нови обврски.