Уредот BCON Wireless Socket е втор по број на гласови со 669 гласа на интернационалниот Business Wall of Fame натпревар на Дојче Телеком. Пред него е само IoT решението од Грција MEAZON Bizy со 741 глас, се вели во соопштението.
“Факт кој е потврда дека во Македонија има потенцијал да се креираат креативни IoT решенија, кои би можеле да се имплементираат и продадат интернационално, а овој бизнис сегмент да биде силен фактор на економски развој. Натпреварот има за цел да ги собере најинтересните проекти за Интернет на нештата, со предвидена награда за промоција на победниците од 30.000 евра вредна маркетинг кампања преку Македонски Телеком“, стои во соопштението.
BCON Wireless Socket е уред од SMD-Electronic од Скопје, кој овозможува безжична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или компанијата, со помош на паметен телефон. Претставува своевиден паметен штекер или проширување на штекерот кој овозможува контрола и заштеда на енергија дури и кога корисникот е далеку од домот. Она што е потребно е уредот да е вклучен во штекер и интернет врска, а понатаму преку апликација и паметен телефон може да се управува со сите паметни уреди во домот кои се приклучени на BCON.
Уредот води по бројот на гласови од корисниците и на македонскиот натпревар Business Wall of Fame.
“Доколку досега не сте се вклучиле во гласањето, ве повикуваме тоа да го направите и да го поддржите македонското ИоТ решение. А поддршката може и да се исплати! Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат, доколку се регистрираат и како поддржувачи на IoT решенијата кои се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото IoT решение“, се додава во соопштението.
Победникот ќе биде прогласен на седми јули од жири комисија.