Летен саем на книга во Рамстор

108

Saem-na-kniga

Трговскиот центар Рамстор, во соработка со издавачките куќи и книжарници организира четиридневен Летен саем на книга.

“Од 25-ти до 28-ми јуни, од 10 до 22 часот, трговскиот центар Рамстор ќе биде место на кое ќе ги најдете сите омилени изданија на книги по одлични намалени цени. Покрај летните саемски цени на омилените книги, во трговскиот ќе се организираат промоции на нови дела од издавачите, средби и дружења со познати автори, читање на извадоци од книги како и детски работилници“, се вели во соопштението.

На летниот саем на книга во Рамстор одблизу ќе може да се сретнете со поезијата на Искра Донева, автор на повеќе дела, која својот труд го насочува за собирање на средства за лекување на церебралната парализа.