Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, минатата недела, на 17 јуни 2015 година, во Битола го одржа првиот настан од Програмата за претприемачи во Пелагонискиот регион. Темата на средбата беше Претприемничко лидерство, а гости говорници беа г. Горан Антевски, ко-сопственик/менаџер/консултант во компанијата Раде Кончар и г-ѓа Анита Христова, сопственик во компанијата Христови Инженеринг.
Учесниците разговараа за разликите меѓу лидер и менаџер, клучните вредности што треба да ги поседува лидерот, колку е важно за еден лидер да знае да ги мотивира своите вработени, дали лидерот треба постојано да учи и дали е тоа карактеристика на лидер.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестици. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.