Министерството за економија, во согласност со програмата за развој на туризмот за оваа година, објави Јавен повик за субвенции за угостителските објекти за добивање на ознака Национален ресторан – меана.
Право на учество на повикот имаат сите лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани како ресторани. Вкупната вредност на повикот е 1.000.000 денари.
Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% до докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар; печатење на промотивен материјал; учество во обуки, семинари и презентации; уредување и подобрување на деловниот простор.
Средствата од субвенциите не се наменети за кофинансирање за набавка на потрошен материјал и возила; износот платен за ДДВ и царина за намените, односно трошоците за кои се бара кофинансирање; курсни разлики, закупнина на деловен простор и слично.
Краен рок за пријавување е 30-ти септември.