БиХ доби зелено светло за извоз на млеко и млечни производи во ЕУ

43

mleko i mlecni

Канцеларијата на Европската унија за храна и ветеринарство (ФВО) информираше дека сите постапки кои што Босна и Херцеговина ги предложи во Акциониот план за контрола на производството и преработка на млеко и млечни производи наменети за извоз во ЕУ, се задоволувачки во однос на препораките, пишува порталот Klix.ba.

Европската комисија очекува државната и администрацијата на ентитетите во целост и на координиран начин да ги спроведат сите елементи на Акциониот план на подрачјето на цела БиХ. Оваа земја веќе е вклучена во пописот на земји коишто ги исполнуваат условите за извоз на топлинско обработено млеко и млечни производи во ЕУ. Пред да започне извозот, БиХ ќе мора до Европската комисија да достави попис на производни погони, коишто се оценети како соодветни и предложени за извоз во ЕУ.

Откако ЕК ќе го одобри овој попис, БиХ може да започне да извезува во ЕУ млеко и млечни производи од тие погони.