Lego ќе ја отфрли пластиката за производство на детски играчки

51

lego

Данската компанија за производство на детски играчки Lego најави дека планира да инвестира околу 150 милиони долари во следните 15 години, во рамки на програмата за развој на оддржливи материјали, чија цел е замена на пластиката што досега се користеше, пишува Huffington Post.

“Овој чекор е заложба на компанијата да ги продолжи амбициите да остави позитивно влијание врз планетата, којашто останува во наследство на идните генерации“, изјави сопственикот на Lego Group, Кјелд Кирк Кристијанес.

Еден дел од инвестицијата ќе биде наменета за центарот за развој на овој вид материјали во Данска, во којшто се очекува да бидат ангажирани повеќе од 100 експерти. Планирано е отворањето на овој центар да биде во 2016 година.

“Ова е огромен чекор за Lego Group на патот да ги оствариме нашите амбиции за оддржливи материјали до 2030 година. Досега презедовме конкретни чекори да го намалиме загадувањето и да оставиме позитивен ефект врз планетата, преку намалување на големината на амбалажата, преку инвестиции во платформа за производство на електрична енергија од обновливи извори. Нашиот фокус сега е ставен на материјалите“, изјави извршниот директор на Lego, Јорген Виг Кнудсторп.