Најекслузивна страница: Пристап од 60 секунди за само еден посетител

45

sl

Штом еднаш се објави документ, фотографија, текст или видео на интернет, илјадници луѓе може да ги погледат во ист момент. Тоа е одлична можност за рекламирање на брендови, особено доколку промовираат нов вид на производ или услуга.

Но, Џастин Фоли одлучи да направи интернет страница којашто е сосема спротивна од овие принципи. Тој ја креираше интернет страницата Most exclusive website.com, пишува порталот Ubergizmo.

Толку е ексклузивна оваа страница што овозможува само еден посетител во реално време, а на тој посетител му е дозволено на сајтот да остане 60 секунди, за да може следниот корисник да влезе.

Слична ваква страница беше отворена во 2011 година, а пристапот до истата бил ограничен само за лица кои имаат Twitter профили. Страницата беше функционална околу два месеца, а потоа корисниците добија порака дека експериментот заврши.

Околу 300.000 лица се обиделе “да застанат во ред“ и да влезат на оваа страница, но голем број луѓе немаат доволно трпение за да го дочекаат својот ексклузивен влез на оваа страница.

Доколку имате доволно трпение за да почекате неколку часови, а можеби и неколку денови, откако ќе влезете може да оставите коментар за да докажете дека сте влегле.