Прилепска Пиварница деновиве на македонскиот пазар ја лансираше најновата лимена амбалажа на Златен Даб од 0,5 литри, со што го заокружува своето портфолио Златен Даб амбалажи и уште еднаш потврдува дека е модерен бренд кој ги следи потребите на своите верни љубители. Едноставно, уникатниот вкус со висок квалитет, сега доаѓа во нова лимена амбалажа која го освежува имиџот на Златен Даб, а им е посветена на сите оние кои се чувствуваат слободни, динамични, урбани и кои знаат што сакаат.
„Создавањето на лименката Златен Даб е одговор на бројните барања од нашите најверни корисници. Иако се чекаше долго на појавата на лименката, сега е вистинското време омиленото македонско пиво да го најде своето место на пазарот и да биде уште подостапно за консументите, отсега и во лимена амбалажа со возбудлив и неодолив дизајн. Станавме препознатливи по врвниот квалитет на нашето пиво, но и по иновативниот пристап во градењето и развивањето на брендот, што го потврдуваме и заокружуваме со новата лименка“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.
Златен Даб лименката се карактеризира со модерен и автентичен дизајн, кој е резултат на детално истражување на потребите и навиките на новата генерација која е постојано во потрага по нови, возбудливи нешта. Дизајнот ги следи трендовите во пиварската индустрија, притоа ги задржува препознатливите бои и симболи на брендот, за да ја направи новата Златен Даб лименка уникатна уште на прв поглед. Во однос на нејзината форма и практичност, таа совршено се вклопува во рака, лесно се отвора и е подготвена да го следи својот консумент во секој чекор. Сè на сè, оваа Златен Даб лименка е тука за да понуди уживање од аспект на вкус, естетика и доживување.
Судејќи и по одличните реакции на социјалните мрежи, Златен Даб лименката е веќе дел од секојдневниот ритам на своите фанови, чиј број расте секој ден.