Дводневна конференција посветена на борбата против јавната корупција

36

Дводневна конференција на тема Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција се одржува во Охрид.

Конференцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ).

На конференцијата ќе присуствуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции.

Конференцијата ќе ја отворат заменик – министерот за правда Билјана Бришкоска – Бошковски, јавниот обвинител Марко Зврлевски, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители  Павел Шатев и шефот на делегацијата на РМ во Комитетот на ГРЕКО Анета Арнаудовска, претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски и Марк Л. Ласер, виш правен советник од Правна канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД.

Во рамки на завршните заклучоци од дводневната конференција, утре, според најавата, на присутните им се обрати и американскиот амбасадор Џес Л. Бејли.