Еколошки патишта: Рециклирана пластика наместо асфалт

161

plasticen pat

Градот Ротердам од Холандија најверојатно ќе биде првиот град во светот во којшто наместо асфалт за патишта ќе користи рециклирана пластика, пишува Гардијан.

Пластичните материјали коишто ќе се користат за патиштата се еколошки, брзи за поставување и поотпорни во споредба со асфалтот, велат од компанијата Volker Wessels, којашто стои за идејата на овој проект.

Патната подлога, како што се наведува, е изработена од рециклирани пластични шишиња, бара помалку средства за одржување и е поиздржлива бидејќи поднесува екстремни температури во распон меѓу -40 и +80 степени Целзиусови.

plasticen pat 1

Според податоците на Volker Wessels, асфалтираните патишта на годишно ниво емитуваат 1,6 милиони тони јаглерод диоксид, што е 2% од вкупната емисија за којашто е одговорен патниот сообраќај.

Во внатрешноста на патиштата ќе бидат инсталирани грејачи, со коишто ќе се спречи задржување на мразот и снегот на патот.

Иако овој проект е во концептуална фаза, од компанијата се надеваат дека во рок од три години ќе бидат подготвени да ги инсталираат овие “пластични“ патишта во Ротердам.