Нишка пивара продадена за еден милион евра

48

pivo

Претседателот на Собранието на доверители на Нишка пивара, Милан Дамњанчевиќ потврди дека пиварата е продадена за еден милион евра на фирмата Група капитални проекти од Ниш, пишува Бета.

Според него, Нишка пивара е продадена од стечај со непосредна спогодба и тоа на компанија чиј сопственик е бугарски државјанин.

“Новиот сопственик за продажбата преговараше со стечјаниот управник, а со нас, претставници на доверителите, разговараше за иднината на пиварата. Ни кажа дека е заинтересиран за повторно започнување на производството и за враќање на одреден број на работници на работа“, изјави Дамњанчевиќ.

Според евиденцијата на Агенцијата за економски регистар, фирмата Група капитални проекти е е активно економско друштво основано на втори јуни во Ниш.

Нишка пивара е под стечај од август 2013 година. Првиот обид за нејзина продажба беше одржан на 11-ти септември. Во изминатите 11 месеци имаше осум неуспешни лицитации.