Google ќе се реструктуира во нова компанија под името Alphabet

46

google

Технолошката компанија Google објави дека ќе се ребрендира во нова компанија под името Alphabet, пишува Гардијан.

Лери Пејџ ќе биде извршен директор на Alphabet, додека Сергеј Брин ќе биде претседател.

Најновата организациона структура на Google го означува обидот јасно да се одвои основниот бизнис од долгорочните стратешки планови на компанијата.

Сите акции на Google автоматски ќе се претворат во акции на компанијата Alphabet, чиј симбол на берзите ќе остане GOOG и GOOGL.