Науката покажа: Претприемачите размислуваат поинаку

47

razmisluvanje-pexels

Фото: Pexels

Истражувањето на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) покажа дека претприемачите навистина размислуваат “надвор од кутијата”. Во процесот на донесување одлуки, тие ги користат двете хемисфери на мозокот.

Мозокот има две основни стратегии за решавање на проблемите. Експлоатација значи искористување на предноста на претходно стекнато знаење, концентрирајќи се на тековната задача да се оптимизира ефикасноста. Истражување значи отстапување еден чекор назад од задачата за да му се овозможи на умот флексибилност при избирањето алтернативи.

Во истражувањето учествувале 63 менаџери и самонаречени претприемачи, на кои им биле зададени задачи со избор на истражување или искористување.

Тие биле ставени да играат на виртуелни слот машини, при што требало да одлучат дали ќе останат да играат на истата машина (искористување) или ќе се обидат на нова (истражување).

Можеби ќе звучи чудно, но претприемачите не биле многу заинтересирани за моделот истражување. Но, штом го сториле тоа, тие ги активирале двете хемисфери на фронталниот кортекс. Менаџерите повеќе ја користеле левата страна, која е поврзана со логиката и структурното размислување. Десната страна е поврзана со креативност и емоции.

Во денешно време лидерството бара мозоци кои можат да се префрлаат од една на друга стратегија кога за тоа постои потреба. Успешното донесување одлуки не се состои само во повеќе истражување отколку искористување. Успешното донесување одлуки лежи во тајмингот, односно чувството кога треба да се префрли од една на друга форма на размислување.