Европската кампања на Honda, на маркетинг агенцијата Wieden + Kennedy Лондон, многу моќно ги покажува иновациите и наследството на оваа компанија. На едно место можат да се видат автомобили, мотори, болиди, авијација, роботи… сето тоа под мотото Осмели се да го направиш она што другите само го сонуваат.
Видеото е снимано на напуштен мост во Киев, Украина.