Започнува третиот Гараж Сејл во Рамстор Мол

51

ramstor

Рамстор Мол веќе трета година по ред ја организира кампањата под име Гараж Сејл која ќе започне на 20 август и ќе трае до 27 август.

Во текот на целата недела ќе може да се пазарува по неверојатно ниски цени. Сите посетители и љубители на пазарувањето  ќе имаат можност да си ги набават сите омилени парчиња гардероба, чевли, накит на попуст дури до 70%. Покрај тоа, трговскиот центар обезбеди и голем број забавни активности кои ќе го направат купувањето уште попријатно.

Kaко и досега, во кампањата ќе учествува и маркетот лоциран во трговскиот центар, кој за сите потрошувачи предвиде големи акции и намалувања на голем број од своите производи.