Тенисерот Енди Мареј инвестираше во хрватскиот старт-ап Trillenium

Murray

Шкотскиот тенисер Енди Мареј, вториот рекет во светот, стана еден од инвеститорите во хрватскиот стапт-ап Trillenium, пишува Нетокрација.

Мареј веќе е дел од советодавниот одбор на платформата за групно инвестирање Seedrs, преку која освен во Trillenium, инвестираше и во ланец ресторани за здрава храна Tossed и во Fuel Ventures фондот.

“Важно ми е да ги поддржам луѓето за кои верувам дека се посветени, гладни и со професионални стандарди како мене. Трите проекти што ги избрав се од индустрии што ми се интересни. Здравата храна е нешто за што сум страствен како спортист, затоа веднаш го зедов Tossed во предвид. Другите два проекта ги пробиваат границите на технологијата, а се надевам дека ќе научам нешто од нивниот однос кон конкуренцијата и тоа знаење ќе го понесам со себе на теренот”, вели Мареј.

Хрватскиот старт-ап на претприемачот Хрвое Прпиќ, основач на ИТ компанијата HG Spot, до сега има 411 инвеститори, но Енди Мареј е едно од најзвучните имиња.