Најголемата кампања за летни попусти на Рамстор Мол – Гараж Сејл 3 започна на 20 август и ќе трае до 27 август. Според автентичното име на кампањата, закупците “прават чистка“ и ги вадат своите производи надвор, создавајќи достапност и непосредност со купувачите веќе трета година по ред.
Искористете ја оваа неверојатна можност да си ги набавите омилените парчиња од познатите и квалитетни брендови кои за оваа прилика овозможија попуст дури до 70% или пак да ја надополните домашната кошничка со продукти од маркетот лоциран во трговскиот центар, стои во соопштението.