Фото: Kaspersky
Рускиот производител на антивирусниот софтвер Kaspersky Lab, од компанијата О1 планира да го купи деловниот комплекс Олимпија парк, кој се наоѓа на Ленинградскиот автопат во Москва.
Според информациите објавени во весникот Vjedomosti, купопродажниот договор ќе биде склучен наскоро. Kasperskу Lab во моментов е најголем кираџија во деловниот центар, со закупен простор од 29.800 метри квадратни.
Деловниот центар Олимпија парк е отворен во јули 2011 година и располага со три петкатни деловни згради, со вкупна површина од 70.500 метри квадратни. Нуди простор за издавање од околу 46.000 квадрати, спортски комплекс со базен, подземен паркинг и парк.
Просторот им се издава на компаниите преку долгорочен договор, а по истекот на истиот, новиот сопственик ќе може да го користи целиот деловен центар.