ДЗС: Индекси на прометот во секторот Трговија

33

Во трговијата на мало, во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,0%, а реално за 5,5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 9,6%, а реално за 3,7%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7,9%, а реално за 7,1%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.