Бил и Хилари Клинтон поседуваат огромен имот во Источен Хемптон, Њујорк, којшто моментално се продава по цена од 32,5 милиони долари.
Поранешниот претседател и неговата сопруга, која е кандидат за претседател на САД, ја изнајмуваа оваа прекрасна викендица во 2011 и 2012 година.
Вилата којашто располага со осум спални соби и девет бањи, е дело на дизајнерот Џон Куртис Лоренс, а изградена е во 1920 година. Во 2002 е реновирана, а додадени се играчница, формална трпезарија, библиотека, шест камини и базен со греачи.
Поседот има и приватна плажа, а до него води префинето уредена патека.