Германската компанија ОДВ – Електрик почнува со изградба на фабрика во Технолошко – индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево, пишува Миа.
Со оваа инвестиција на германската компанија се очекува да се отворат околу 1.000 работни места.
Во фабриката ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија кои ќе се изведуваат на европските пазари.