Натпревар по претприемништво за средношколци од Охрид и Струга

50

Во Охрид денеска се одржува натпреварот Претприемач – да се биде или не! на кој четири тимови од средните училишта од Охрид и Струга ќе треба да решат предизвик од реалниот бизнис сектор, пишува Миа.

Изборот на најдобар предлог ќе го направи комисија составена од локални претприемачи. Натпреварот е завршна активност од истоимениот проект што се реализираше од мај до септември, а целта е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните училишта преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.

Пред натпреварот беа посетени пет локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси и разговараа со сопствениците, а учествуваа и на тридневен камп во Охрид.

Проектот е реализиран од Локалната агенција за развој во соработка во соработка со средните училишта Св. Кирил и Методиј во Охрид и Нико Нестор во Струга.