Формирано Здружение на сомелиери на Македонија

95

vino

Македонија доби национално здружение на сомелиери кое ќе работи по програма на една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската AIS ( Associazione Italiana Sommelier).

Едукација на угостителско – туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од  суштинските цели на Здружението на Сомелиери на Македонија, која подоцна тие би ја пренеле на своите гости, а е со цел за попрофесионално и попрофитно работење.

Ова претставува еден вид на мост помеѓу винариите и крајните конзументи во угостителско – туристичкиот сегмент кој што резултира со главната мисија: подигање на квалитетот на услугата во угостителството, како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина, спарување со храна, во насока на една взаемна корист и за винарите преку професионално претставување на нивните вина, но и за конзументите преку дополнителна грижа околу нивниот вистински избор. Алка која долго време недостасува во македонското угостителство.

Наредната недела за прват во Македонија ќе се одржи обука за Сомелиери ниво 1 од страна на потпретседателот на AIS Роберто Белини кој важи за еден од највлијателните сомелиери во Италија. Обуката ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот Воденица во Скопје и ќе трае 5 дена по 7 часа дневно.