IKEA преговара со српската општина Жагубица за отворање на погон

53

ikea

Претседателот на српската општина Жагубица, Сафет Павловиќ, изјави дека во тек се преговори со шведската компанија за производство на мебел IKEA за отворање на производен погон во општината, пишува Бета.

“Досега имавме неколку состаноци на коишто за изградба на фабрика, којашто би произведувала делови за мебел за IKEA, е договорена локацијата Јеленац во близина на Жагубица. Претходно беа уредени имотно – правните односи, така што тој простор сега е во сопственост на општината, што го олеснува понатамошното управување“, изјави Павловиќ.

IKEA е заинтересирана за изработка на мебел исклучиво од буково дрво, за што во таа општина постојат големи природни ресурси.

“Набрзо ќе следи уште еден состанок со претставниците на шведската компанијата, на која ќе бидат прецизирани понатамошните чекори. План е изработката на фабриката да почне во 2016 година“, додаде Павловиќ.

Жагубица е една од посиромашните општини во Србија, во која постојано се намалува бројот на жители.