Lexus претстави оригами автомобил

41

Origami-Lexus-IS-car-600x399Производителот на луксузни автомобили Lexus претстави оригами верзија на својот IS спортски седан во целосна големина, пишува Luxuo.

Овој неверојатен автомобил е скоро целосно изработен од картон, го движи електричен мотор, додека шасијата е од алуминиум и челик.

За да се создаде ова возило беа искористени 1.700 прецизно исечени специјални картонски листови.

Заедно со Lexus на проектот работеа и лондонските компании Scales and Models
и LaserCut Works.