Познатата архитектонска компанија NBBJ стои зад проектирањето на новото седиште на технолошкиот гигант Samsung во САД.
Кампусот ќе се простира на површина од 100.000 квадрати, а ќе има за цел да поттикне поголема креативност кај вработените. Седиштето на Samsung во САД започна да се гради во 2013 година.
Во овој кампус ќе работат околу 2.000 лица, кои ќе бидат задолжени за развој на нови технологии и производи на компанијата. Од таа причина, нивниот работен простор треба да им обезбеди пријатна атмосфера за создавање креативни идеи.
За изградба на овој објект, којшто во исто време ќе биде и енергетски ефикасен, се одвоени 300 милиони долари.