Тродневна обука за 25 мали и средни претпријатија за управување со иновации

43

Учесниците на обуката

Во организација на компанијата Knowledge Center, денеска во Скопје започна тридневна обука за 25 претпријатија од земјава чија што главна цел е да ги зајакне капацитетите на малите и средни компании во сегментот на управување со иновации.

Обуката и официјалното лансирање на I-lab.mk се дел од проектот Aim@Innovations, поддржан од Централната Европска Иницијатива (CEI) и австриската Агенција за развој преку повикот КЕП Австрија 2014. Главната цел на проектот Aim@Innovations е да овозможи трансфер на знаење и да ги зајакне националните капацитети за обезбедување поддршка и обуки од областа на управување со иновации за мали и средни компании во Република Македонија.

„Обуката за управување со иновации опфаќа повеќе области, од менаџирање и маркеретинг на иновации, до обезбедување финансиски средства за истите. Целта е компаните да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат да ги комерцијализираат своите иновативни идеи. Ќе работиме во иднина оваа обука да биде досттапна за уште повеќе компании“, изјави г-ѓа Андријана Богдановска Ѓуриќ, директор на Knowledge Center, компанијата – носител на овој проект заедно со Brainplus од Австрија.

„Сите мали и средни компании во Европа се соочуваат со истите предизвици во поглед на иновативноста: недоволно финансии, недоволно време, недоволно знаење. Со оваа обука на компаниите им даваме знаење, сет од алатки кои ќе им помогнат да имаат успех во пласирање на своите иновации на пазарот“, изјави професор Волфганг Шабераитер од Brainplus од Австрија.

Главниот резултат на проектот е воспоставување на Центар за иновации (!-LAB) во кој ќе може да се добие поддршка, обука, информации и знаење за иновациите и управувањето со иновациите со главен фокус на новите технологии. Главни корисници на i-lab.мк ќе бидат сегашните и идни претприемачи, мали и средни претпријатија, но не се искучени ни големите компании.