Кириличниот домен мкд избран да ја претставува Македонија

42

imagesГраѓаните во интернет анкетата, која беше објавена на веб страната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, го избраа кириличниот домен мкд, со кој Македонија ќе се претставува во меѓународниот интернет простор.

Гласањето се вршеше врз основа на претходно објавените низи за кои имаше најголем број на предлози (мкд, мак, рм, македонија, рмак и рмкд).  Преку интернет анкетата, која траеше до 15 јануари 2013 година, гласаа вкупно 2.288 граѓани, од кои дури 72,98%  беа за кириличниот домен мкд.

Низата која освои најголем број гласови (мкд), ќе биде ставена во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на кириличен домен за Република Македонија. Барањето ќе биде поднесено до Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН).

“Националниот кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани да го користат интернетот на своето македонско кирилично писмо, што истовремено претставува и грижа за зачувување на националниот идентитет преку користење на домени на својот мајчин јазик”, стои во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација.