Прв грчко – македонски бизнис форум

54

Делегација од Сојузот на стопански комори предводена од претседателката Данела Арсовска учествува на првиот грчко – македонски бизнис форум што се одржува во Солун под покровителство на Универзитетот Колумбија во САД, пишува Миа.

На бизнис форумот на кој присуствуваат и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, претседателот на Грчката интернационална бизнис асоцијација Киријакос Луфакис и македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов, бизнисмените од двете држави разговараа за зближување на бизнис релациите.

“Се надеваме дека во наредните години ќе успееме да ги надминеме бариерите кои ги имаме, особено поради тоа што Македонија и Грција се единствени соседски држави кои немаат потпишано ниту еден билатерален договор. Веруваме дека во иднина ќе успееме ги продлабочиме деловните релации, иако во бизнис секторот сме доказ дека онаму каде што се сака, политиката нема влијание“, изјави Арсовска.

Таа оцени дека бизнис заедниците на двете земји имаат развиено добра економска соработка, која може да се надгради со цел понатамошно зајакнување на трговските и економски односи и развивање на секторите индустрија и трговија.

Претседателите на гранковите синдикати од градежништвото, транспортот, туризмот, ИКТ, индустријата, земјоделството, трговијата и финансиите разговараа за стратешките и идните планови, како и за заеднички настап на трети пазари.

Грција е меѓу петте најзначајни надворешно – трговски партнери на Македонија. Вкупната трговска размена со Грција во првите осум месеци од годинава достигна вредност од 397 милиони евра. Притоа, остварен е извоз во вредност од 98 милиони евра и увоз од 299 милиони евра.