Во економската зона Марино – Кадино во општина Илинден денеска ќе биде поставен камен темелник за отпочнување со градба на нов објект на австриската компанија од текстилната индустрија Текспорт, пишува Миа.
Компанијата се занимава со производство на текстилна заштитна облека, а во општина Илинден ќе гради фабрика на површина од 4.500 метри квадратни.
Вкупната инвестиција, според инвеститорите се проценува на 3,5 милиони евра, а се очекува да се отворат 400 работни места.