Како да ги елиминирате проблемите од долгото седење

42

sedenje-1

Фото: Pixabay

Истражувањата покажуваат дека оние кои работат во канцеларија, во просек седат шест часа дневно и ниту интензивното вежбање не може во целост да ги елиминира негативните последици.

Еве неколку начини што можат да ви помогнат околу овој проблем.

Стоење

Стоење во комбинација со седење на работното место е веќе пракса во Шведска, каде 90% од вработените веќе го применуваат тоа. Повременото стоење не е добро само за физичкото здравје, туку и за психичкото, тврдат лекарите. Во компаниите каде се практикува стоење со седење, забележани се помалку боледувања од просекот, подобри резултати во креативниот сектор и подобри односи помеѓу колегите.

Деловни состаноци “на нога”

Додека стоите или се движите се чувствувате помоќно, а вашите одлуки и предлози имаат поголемо влијание на околината. Ова го велат сите кои практикуваат вакви деловни состаноци. Сепак не е можно секогаш да стоите за време на состаноците, па во тој случај постојат специјално дизајнирани столици за стоење што можат да се прилагодат според потребите на клиентот.

Прошетка

Долгото седење не е здраво, а стоењето може да биде напорно. Затоа најдобро е истите да се комбинираат, додека прошетката (ако е возможна) е најдобро и најздраво решение. Одењето ја подобрува работата на срцето, ги јакне мускулите и ја подобрува циркулацијата на крвта, а експертите велат ја подобрува и креативноста.

Мобилни столчиња

Доколку вашата работа не дозволува да комбинирате некои од горенаведените работи и морате постојано да седите, пробајте да обезбедите столчиња што се вртат/наслонуваат. Така ќе можете да менувате положби на седење што е многу подобро отколку да бидете во статична позиција цело време.

Играчки што смируваат

Според едно истражување, луѓето што седат по цели денови можат да го подобрат своето здравје со стискање на специјално изработени гумени играчки, најчесто во облик на топчиња. Истражувањето вело дека слично дејство имаат и пукање на прстите, постојано местење во столчето, како и тапкање со стапалата.