Шведската компанија за производство и продажба на мебел, Ikea, во рамките на акцијата Кадифени играчки за едукација, избра 10 детски цртежи и дизајнерите од нив направија меки, полнети играчки. Играчките се пуштени во продажба во продажните центри на Ikea. Шведскиот ланец за секоја купена играчка ќе донира по едно евро за образовните проекти за деца на Unicef и Save the Children.
Од отворањето на Фондацијата во 2003 година, Ikea Foundation донираше преку 90 милиони долари за разни потреби за децата.