Имлек ја купува Нишка млекарница

66

imlek-580x229

Српската компанија Имлек соопшти дека потпишала договор за купување на 100% сопственост во Нишка млекарница, една од најголемите во јужна Србија, јавува Танјуг.

Компанијата Имлек, една од поголемите компании во регионот во млечната индустрија, планира да ги зголеми производните процеси на Нишка млекарница и да го унапреди нејзиниот најпознат бренд Ведро.

Имлек е присутна на пазарите во регионот – во Македонија (преку Битолска млекарница), Црна Гора и Босна и Херцеговина.