Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија од стана на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје. Кампањата ќе вклучува он-лајн активности и едукативни текстови, бесплатни прегледи за здравјето на косата, како и со забава поддржана од светскиот бренд DUREX.
„Со задоволство може да кажеме дека Превентус успеа да ги поттикне мажите да почнат повеќе да се грижат за своето здравје и да работат на зголемување на свеста преку пуштање мустаќи. Нашата цел е да вршиме едукација и да превенираме. Ајде сите заедно да го смениме ликот на машкото здравје“ изјави Ристо Гапиќ, извршен директор на ПРЕВЕНТУС.
Депресијата е актуелна тема на светско ниво, но кога се зборува за неа треба да се направи разграничување – дали станува збор за состојба или за болест, велат психолозите кои се вклучени во кампањата.
„Современиот маж во потрага по деловна реализација често се губи, т.е запоставува себе си. Останува и по 12 часа на работа со постојано чувство дека МОРА напорно да работи. Во такви услови многу често доаѓа до прегорување, што резултира со повлекување и депресија. Во суштина се работи за долготрајно запоставување на личните потреби со целосна фокусираност на деловни активности. Тоа е најчеста причина за депресивност кај младите мажи“, вели Марија Стефанова, психолог-психотерапевт од психолошко советувалиште Петар Пан, Скопје.
Како еден причинител кој што може да предизвика депресија кај мажите е и опаѓањето на косата. Затоа клиниката 101 и годинава, по четврти пат, ќе врши бесплатни прегледи за мажите.
„Секојдневниот стрес кај мажите може директно да влијае на здравјето на нивната коса и склап. Се почесто имаме пациенти кои уште во нивните триесетти години имаат сериозни проблеми со косата. Навременото барање на стручен совет и помош е пресудно“ додаде д-р Елена Арсова, трихолог и медицински директор на „101 Clinic“.
Како крај на акцијата ќе биде организирана и Моември забава поддржана од светскиот бренд DUREX, на која се добредојдени сите МО Браќа и Сестри.
Епа мажи денеска избричете ја брадата и почнете да пуштате мустаќи, време е за Моември!