Агенцијата за катастар на недвижности денеска ја организира завршната конференција за проектот Катастар на недвижности и регистрација од Светска банка.
На настанот најавено е дека ќе се обратат директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, в.д. директорот на Светската банка за Македонија Горан Тињиќ, амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, заменик амбасадорот на Кралството Шведска, Азадех Алиан, како и на тим лидерот на проектот и претставник на Светска банка во Вашингтон, Викторија Стенли, специјалист за рурален развој и земјишна администрација.