За девет месеци Скопски пазар оствари добивка од 41,4 милиони денари

33

skopski-pazar

Компанијата Скопски пазар во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 41.415.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, Скопски пазар прикажа добивка од 40.405.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во овој период во 2015 година се на ниво од 712.367.000 денари, додека од први јануари до 30-ти септември лани тие имаа вредност од 958.875.000 денари.