Orpheus – слушалки од 50.000 долари

69

-1x-1
Германската компанија Sennheiser ги претстави своите нови Orpheus слушалки, ремек дело на технологијата и луксузот.

Тим од стручни лица работеа повеќе од десет години за да ги создадат овие аудио елементи коишто користат иновативни појачувачи, кои ги комбинираат предностите на тубуларните и транзисторските засилувачи.

Слушалките се составени од 6.000 компоненти, вклучувајќи сè од најмалите транзистори до природниот бел Carrera мермер. Користени се материјали како злато и платина за да се постигне максимална спроводливост и перформанси.

Orpheus ќе бидат достапни за продажба кон средината на 2016 година, а цените ќе се движат од 50.000 до 60.000 долари. Годишно компанијата ќе произведува 250 парчиња.

luksuz-hi-tech-dizajn-slusalice-99