Компанијата Макотекс од Скопје во првите девет месеци од оваа година работеше со загуба од 5.649.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во период од јануари до септември 2014 година, компанијата прикажа загуба од 3.094.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период оваа година достигнаа 13.488.000 денари, додека истиот период лани тие беа 13.456.000 денари.