Градежната компанија Фабрика Карпош во деветмесечниот биланс на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 26.877.000 денари.
Во првите девет месеци од 2014 година, добивката на компанијата достигна 35.884.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Фабрика Карпош заклучно со 30-ти септември оваа година се на ниво од 372.738.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 370.143.000 денари. Остатокот од 2.595.000 денари е остварен на странски пазари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата во истиот период лани имаа вредност од 297.942.000 денари.