Славко Пројкоски нов претседател на Одбор на директор на АмЧам Македонија

59

amcham_logo1

Славко Пројкоски, главен финансиски менаџер на Македонски Телеком АД – Скопје, е новиот претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија), пишува Миа.

Пројкоски доаѓа на местото на Мирослав Марчев, директор за даноци и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, кој беше на оваа позиција од септември 2014 година. Член на Одборот на директори од септември 2014 година и претходно ја вршеше функцијата на секретар/благајник.

На состанокот за потпретседатели се избрани Емре Козлу, генерален директор во Филип Морис –ТКП Скопје и Борка Петровска, менаџер на администрација во Фени индустри.

Мандатот на претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.