Хотели Метропол Охрид за девет месеци од 2015 година остварија позитивен финансиски резултат од 36.450.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период, компанијата прикажа добивка од 41.893.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 година беа на ниво од 132.591.000 денари, додека во истиот период лани достигнаа вредност од 135.645.000 денари.
“Хотели Метропол во своето работење бележи зголемен број на ноќевања од 2,33% во однос на истиот период во 2014 година или остварени 66.292 ноќевања“, се вели во Образложението објавено на Македонска берза.