Топлификација оствари добивка од 4,1 милиони денари за девет месеци

47

toplifikacija

Вкупна сеопфатна добивка од 4.184.000 денари прикажа акционерското друштво Топлификација за период од први јануари до 30-ти септември, покажува консолидираниот биланс на успех.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 24.526.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Топлификација за деветте месеци од оваа година достигнаа 98.738.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 97.844.000 денари.

“Приходите од продажба произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти“, стои во Образложението за остварени консолидирани резултати.